Дома Трансфер зона Тотенхем се откажува од Скриниар, тргнува по Рудигер

Тотенхем се откажува од Скриниар, тргнува по Рудигер

Тотенхем покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германскиот репрезентативец не е во плановите на Лампард и оваа сезона во сите натпревари беше изоставен од тимот, па Челзи веќе му ја отвори излезната врата.

Мурињо е во потрага по централен дефанзивец и откако пропаднаа преговорите за Скриниар, сега се насочува кон Рудигер.

Самиот фудбалер сака да се пресели во тим каде ќе има голема минутажа, за да биде спремен за Европското првенство следното лето.

Челзи дури е спремен да го пушти Рудигер и на едногодишна позајмица, но не на директен конкурент од Премиер лигата.

Поради тоа Тотенхем има неколку дена да ја победи конкуренцијата и да го договори трансферот на Рудигер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…