Дома Трансфер зона Тотенхем се вклучи во трката за Пјаниќ

Тотенхем се вклучи во трката за Пјаниќ

Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем се вклучил во трката за потписот на Миралем Пјаниќ.

Пјаниќ минатото лето пристигна на „Камп Ноу“ како големо засилување, но е во втор план на кај тренерот Куман и често ја грее клупата за резерви.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пјаниќ сака да си замине, Барселона сака да се ослободи од неговата висока плата, па може да замине на позајмица ова лето.

Како фаворит за неговиот потпис важеше Јувентус, но сега сериозно во трката се вклучи Тотенхем.

Новиот спортски директор Фабио Паратичи е во одлични односи со Босанецот и го убедува да се пресели во Премиер лигата.

Тотенхем може да му ја гарантира истата плата која ја добива во Барселона, а Каталонците се спремни да го пуштат на позајмица со истекот на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…