Манчестер Сити продолжува со одличните натпревари во Премиер лигата.
Денес избраниците на Пеп Гвардиола го добија дербито со Тотенхем со убедливи 3:0. Како и што покажува резултатот Сити апсолутно заслужено дојде до трите бода.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Родри ги доведе „граѓаните“ во водство во 23. минута со гол од пенал. Тоа беше единствениот гол во првото полувреме. Во вториот два гола постигна Илкај Гундоган, прво во 50. минута, па потоа 16 минути подоцна. Треба да се спомене дека при вториот гол на Гундоган асистент беше голманот Едерсон.
Со оваа победа Манчестер Сити дојде на 53 бода (23 одиграни натпревари), Лестер е втор со 46 (24 натпревари), а Јунајтед е трет со 45 (23 одиграни натпревари). Ливерпул кој денес беше поразен од Лестер е во опасност да ја изгуби четвртата позиција, тоа ќе се случи ако Челзи во понеделник слави против Њукасл.