Според информациите на италијанскиот инсајдер Фабрицио Романо, Тотенхем е на чекор од реализација на трансферот на 18-годишниот фудбалер Арчиеј Грај кој го носи дресот на Лидс Јунајтед.
Најавите се дека Лидс ќе плати уштета од 40 милиони евра. Младиот Грај би требало да потпиша дологодишен договор со клубот од Лондон кој ќе биде негов втор во кариерата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Зад себе има една сениорска сезона во која во Чемпионшип одигра 52 натпревари и постигна еден гол. Лидс на крајот стигна до финалето од плеј-офот за влез во Премиер лигата, но таму беше поразен од Саутемптон.
Изминатата сезона стана и младински репрезентативец на Англија.