Дома Трансфер зона Тотенхем носи засилување од Португалија за неверојатни 100 милиони

Тотенхем носи засилување од Португалија за неверојатни 100 милиони

Раководството на Тотенхем покажува сериозен интерес за играчот за врска на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандес, пренесуваат англиските медиуми.

Наредната сезона „Спарси“ сигурно ќе се натпреваруваат на четири фронта, па тренерот Покетино сака да го засили средниот ред. Тој во Бруно Фернандес гледа идеално засилување, па „спарси“ веќе ги направија првите контакти со клубот од Лисабон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесува „А Бола“, португалскиот клуб му ја соопштил цената на Тотенхем, а таа изнесува 87 милиони фунти (100 милиони евра).

Бруно оваа сезона брилјира во дресот на Спортинг и на 45 натпревари до сега постигна 16 гола, притоа запиша 16 асистенции.

Бруно има искуство и во Серија А каде настапуваше за Новара, Удинезе и Сампдорија, од каде минатото лето се пресели во Спортинг Лисабон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…