Шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски на лето би можел да се врати во Серија А.
Кулушевски минатата година се пресели во Тотенхем на позајмица од Јувентус, но англискиот клуб не сака да ја плати сумата од 35 милиони евра за откуп.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тотенхем имаше лоша сезона и не избори пласман во Лигата на шампиони, па на Јувентус ќе му понуди само 20 милиони евра за откуп.
Самиот Кулушевски исто така сака да ја промени средината, а интерес за него покажуваат Милан и Наполи.
Доколку Тотнхем не постогне договор со Јувентус, тогаш италијанските клубови ќе испратат понуда.