Како што дознава „Скај Спорт“, „Вембли“ повеќе нема да им биде потребен.
Изградбата на новиот стадион Спарсите ги чинеше околу 850 милиони фунти и ќе биде спремен за наредната сезона, тврди „Скај Спорт“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Постоеа гласини дека управата на Тотенхем ја замолила ФА да добијат продолжување на рокот за донесување на одлуки за тоа каде ќе играат наредната сезона бидејќи постоеше страв дека работата нема да биде завршена на време, па „Вембли“ во тој случај би им бил повторно потребен.
Но, сега изгледа е јасно дека Тотенхем од наредната сезона добива нов стадион.
Пробниот натпревар ќе биде одигран кон почетокот на август, а Тотенхем од ФА ќе побара само првите неколку кола да игра на гости, за стадионот да биде максимално спремен за официјалното деби.
Новиот стадион на Тотенхем ќе има капацитет од околу 62.000 гледачи, а на него ќе се играат и одредени НФЛ натпревари.
Tottenham's new £850m stadium WILL be ready to be the club's home ground next season, Sky Sports News has been told.
Full story here: https://t.co/cBv5scevsu pic.twitter.com/Giex7GBQk1
— Sky Sports PL (@SkySportsPL) May 31, 2018