Според најновите информации утрово кои ги пренесува порталот „Атлетик“ , Баерн и Тотенхем постигнале договор за трансфер на Хари Кејн.
Тотенхем се согласил да го продаде својот најдобар фудбалер за сума од 100 милиони фунти. Сега останува само Кејн да се изјасни дали сака трансфер во Баерн или не.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно, Кејн е задоволен од соработката со новиот менаџер Постекоглу, па прашање е каква ќе биде неговата реакција на ваквиот расплет.
На Кејн му остана уште една сезона од договорот со Спарси за кои постигна 213 голови во Премиер лигата.
🚨 EXCLUSIVE: Bayern Munich have reached an agreement with Tottenham to sign Harry Kane, sources in Germany indicate. #FCBayern proposal worth above €100m accepted by #THFC. 30yo has been leaning towards staying but must now make a decision @TheAthleticFC https://t.co/mPjC3YPDnH
— David Ornstein (@David_Ornstein) August 10, 2023