Тотенхем до сега доведе две големи засилувања во вредност од околу 60 милиони евра, станува збор за Џек Кларк и Тангуј Ндомбеле.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сепак, сега се спремни да потрошат уште 80 милиони евра за двајца фудбалери. Станува збор за Аргентинецот, Ло Селсо кој е играч за врска и во моментов настапува за Бетис, а доаѓањето на Фекир би значело негово заминување.
Второто засилување ќе биде момчето за кое се смета дека ќе биде иднина на фудбалот во Англија, Сесегнону кој настапува за Фулам. Наводно се за двајцата играчи е завршено и двата трансфери ќе бидат комплицирани до крајот на неделата, кога се очекува и претставувањето на играчите.