Во денешното дерби во Премиер лигата со почеток од 17:30 часот се сретнаа Тотенхем и Челзи.
Овој натпревар привлекуваше посебно внимание поради судирот на Жозе Мурињо и Френк Лампард на крајот како победник излезе помладиот. Челзи го победи Тотенхем со 0:2.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Челзи денес беше подобар противник и ги заслужи трите бода. До водство „сините“ стигнаа во 12. минута кога Вилијан после една соло акција постигна одличен гол.
Истиот играч во финишот од полувремето реализираше најсторга казна откако претходно чуварот на мрежата на Тотенхем направи кикс и иместо топката го удри Алонсо.
Во вториот дел резултатот не се промени, а дека избраниците нема да имаат шанси стана јасно кога Сон заработи црвен картон откако го удри Рудигер без топка, иако за во оваа ситуација многумина ќе кажат дека Сон не заслужи да биде исклучен.