Нуно Еспирито Санто сака нова одбрана во Тотенхем, а сега го направи и првиот чекор.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
После шест години на две сезони пред истекот на договорот Тоби Алдервилд (32) го напушта Катар и се сели во Катар. Како што пренесува „Телеграф“ Белгиецот ги договорил условите со Ал-Духаил кој на „петлите“ ќе им исплати 15 милиони евра.
Новиот стратег на Тотенхем има намера да ја реновира дефанзивната линија. На неговиот „радар“ се Такехиро Томаси од Болоња, Милан Скриниар од Интер и Жил Кунде од Севиља.
За било кој да се одлучи ќе мора Тотенхем да издвои повеќе од заработените 15 милиони евра. Алдервилд во катарскиот клуб го чека договор на три години и тој доаѓа на местото на Менди Бенатија кој сега е слободен агент.