Дома Фудбал Тотенхем без проблеми до осминафиналето во Лига Европа 🎥

Тотенхем без проблеми до осминафиналето во Лига Европа 🎥

Фудбалерите на Тотенхем вечерва на свој терен го победија Волфсбергер (4:0) и во вториот натпревар и така се пласираа во осминафиналето од Лигата на Европа.

Лондонскиот клуб полесно од очекуваното помина во наредната фаза со вкупни 8:1. Во денешниот натпревар Тотенхем поведе уште во 10. минута кога Деле Али погоди со ножички.

После само пет минути во вториот дел Тотенхем стигна до нов гол. Али овој пат беше асистент, а мрежата на гостите ја погоди Карлос Винисиус.

На 3:0 зголеми Герет Бејл кој вечерва беше еден од најдобрите на теренот, до крајот конечните 4:0 ги постави Карлос Винисиус со вториот гол на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чешка со нови отсуства во Осиек: Хрватска ја дели бод од опстанок

Провод и Шуберт поради болест нема да патуваат за Осиек. Чесите мора да победат, а на Хрва…