Во Манчестер Јунајтед со полна пареа се подготвуваат за стартот на летниот преоден рок.
На Олд Трафорд се очекуваат големи засилувања, но ништо не може да се направи додека клубот не продаде неколку првотимци, а наводно Ерик тен Хаг ставил дури 13 фудбалери на трансфер листата и дал зелено светло за нивна продажба.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ не можат да бидат премногу задоволни од сезоната зад нас бидејќи е јасно дека навивачите очекуваат Јунајтед да се врати во самиот врв на европскиот фудбал.
За Тен Хаг секако е огромен предизвик ова лето да се обиде да изгради тим кој ќе ги „нападне трофеите“, но јасно е дека во тој случај клубот ќе мора да го испразни ќесето кога се во прашање новите засилувања.
Сепак, јасно е дека Јунајтед не може да донесе никого додека не го реши финансискиот фер-плеј. Англиските медиуми пишуваат дека „црвените ѓаволи“ мора да инкасираат околу 150 милиони евра од продажбата на играчи ова лето за да имаат можност да доведат нови засилувања.
Јунајтед има неколку играчи на списокот со желби кои се обидуваат да ги доведат, но првата цел на стартот од преодниот рок е да се обиде да продаде барем неколку играчи на кои Тен Хаг нема посериозно да смета во новата сезона. .
Наводно, на списокот на отпишани играчи има дури 13 фудбалери за кои Тен Хаг им дал зелено светло на челниците на клубот да ги продадат доколку има атрактивна понуда за нив.
Дони ван де Бик, Фред, Ентони Еланга, Ханибал Мејбри, Алекс Телес, Ерик Бејли, Брендон Вилијамс и Зидан Игбал веќе некое време се на трансфер листата. Покрај нив, клубот ќе ги разгледа и вистинските понуди за Хари Мегваер, Скот Мектоминај и Дин Хендерсон.
Исто така, две големи ѕвезди би можеле да си заминат од „Олд Трафорд“, но само доколку добијат добра понуда. Станува збор за Џејдон Санчо и Ентони Марсијал, за кои клубот бара отштета од 50, односно 30 милиони евра.
Во однос на засилувањата, Тен Хаг сака во клубот да донесе играчи кои ќе го засилат средниот ред и нападот, како и голман.
Главни мети се Хари Кејн и Мејсон Маунт, за кои Јунајтед веќе преговара, а што се однесува до голманот, Тен Хаг навистина би сакал на Олд Трафорд да го види Андре Онана со кој соработуваше со многу успех во Ајакс.
Man Utd will listen to offers for up to 13 players in the hope of raising £100m for new signings
— Chris Wheeler (@ChrisWheelerDM) June 25, 2023
💰Sancho £45m
💰Maguire £40m
💰McTominay £40m
💰Martial £25m
💰Henderson £20m
💰Van de Beek £20m
💰Fred £20m
💰Henderson £20m
via https://t.co/NRZglgmpJd #mufc https://t.co/yiPbXJPo0f