Торонто Рапторси славеа против Бостон Селтик после две продолженија со резултат 125:122 и така изедначија во серијата на 3:3.
Во навистина феномален натпревар видовме многу добра игра. Бостон водеше се до средината на третата четвртина кога Рапторси ја превземаа предноста и водеа се до две минути пред крајот кога Селтикси дојдоа на 98:98.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Потоа двата тима останаа без поени, Сиакам имаше шут за победа на Рапторс и не погоди па се влезе во продолжение каде што повторно шут за победата имаа шампионите. Овој пат не погоди Пауел.
Сепак, победникот беше решен во второто продолжение. Рапторси беа за нијанса подобар тим и успеаа да ја остварат победата.
Кајл Ловри беше најдобар кај Ратпорси. Уфрли 33 поени и имаше осум скокови и шест асистенции, а Пауел додаде 23.
На другата страна Џејлен Браун мечот го заврши со 31 поен и 16 скокови, додека Џејсон Тејтум имаше 29 поени, 14 скокови и девет асистенции. Трипл-дабл оствари Маркус Смарт со 23 поени, 11 скокови и 10 асистенции.
На чекор од пласман во финалето на Западната конференција дојдоа ЛА Клиперси кои го совладаа Денвер со резултат 96:85 и поведоа со 3:1 во серијата.
Клиперси потполно ја контролираа играта и резултатот во овој натпревар. Наџентси успеаа во текот на третиот период да дојдат до изедначување, но набрзо тимот од Лос Анџелес повторно ја достигна предноста и до крајот не ја испушти.
Ленард уфрли 30 поени и додаде 11 скокови и девет асистенции со што ги предводеше Клиперси, додека на другата страна Никола Јокиќ имаше учинок од 26 поени и 11 скокови.