Првиот стрелец на лондонски Арсенал, 26-годишниот Дани Велбек ќе остане надвор од игра во следните три недели, со оглед на тоа дека на вчерашниот преглед му беше дијагностицирана повреда на препоните.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Талентираниот централен напаѓач, повредата ја заработи во текот на дуелот со Челзи кој се одигра во неделата. Велбек теренот го напушти во 73. минута, а по неколку анализи потврдено е дека се работи за повреда на препоните. Според прогнозите на терен ќе се врати следниот месец и ќе биде подготвен за дуелот со Ватфорд кој се игра на 14. октомври.
Дани Велбек во текот на оваа сезона одигра вкупно 6 натпревари и притоа запиша 3 погодоци и 1 асистенција.