Германскиот играч за врска Тони Крос како и останатите фудбалери на Реал Мадрид во моментов е во карантин и ги сподели искуствата во медиумите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој за германските медиуми откри како му поминуваат деновите во карантин во Мадрид во исчекување да помине пандемијата со коронавирусот.
„Јас и моето семејство сме добро, немаме симптоми. Не ми е досадно дома бидејќи можете да замислите како е со три деца. Важно е дека сите сме добро“, истакна Крос.
„Во мојот дом имам големи залихи на храна, најмногу на макарони, бидејќи тоа најмногу го јадат моите деца. Исто така имам и многу тоалетна хартија во мојот дом“, откри Германецот.