Дома Фудбал Италија Тонали: Се преговараше и со Интер, но знаев дека морам да дојдам во Милан

Тонали: Се преговараше и со Интер, но знаев дека морам да дојдам во Милан

Eден од најголемите италијански таленти Сандро Тонали неодамна потпиша за Милан, а денес за првпат зборуваше за медиумите како играч на „росонерите“.

Тонали истакна дека кога дошла понудата од Милан не размислувал премногу.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Доаѓам од место во кое скоро сите навиваат за Милан. И мојот татко беше навивач на Милан, ми ја пренесе таа пасија уште како дете. Сонував да го носам овој дрес. Со претседателот на Бреша не зборував многу за тоа, но тој знаеше колку многу ми значи. Челино си остана на зборот, ми вети дека ќе ми дозволи јас да изберам каде сакам да играм и тоа го направи“:

„Го замолив да направи напор да се заврши овој трансфер. Кога дојде понудата од Милан ги затворив вратите за другите клубови. Едноставно морав да дојдам тука. Мојот агент водеше преговори и со Интер, меѓутоа не ми пренесуваше многу информации затоа што знаеше што сакам јас. Разговаравме му кажав да ја заврши работата и благодарен сум му“.

„Навивам за Милан од детството. Бев на „Сан Сиро“ кога Сидорф го даде тој гол во последните пет минути, тоа беше прилично лош натпревар, но ме натера да посакам да играм тука“, изјави Тонали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …