Милан беше поразен вторпат во една недела од Челзи, а овој пораз посебно ги разбесни Италијанците затоа што сметаат дека судијата Даниел Зиберт жестоко ги оштетил.
Најмногу му се забележува за црвениот картон на Фикајо Томори во 18. минута кога беше досуден и пенал. Од тој момент натпреварот не беше ист. Италијанците не го криеа незадоволството од судењето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во еден натпревар има многу такви дуели. Кога ќе дадете пенал после таков контакт за 18 минути…Како да игравме кошарка, секој допир беше фаул. Таков впечаток добив, имавме неколку жолти картони за смешни прекршоци само во првото полувреме“, коментира Тонали.
Со овој пораз Милан остана трет во групата „Е“ со четири бода, Челзи е лидер седум, Салзбург втор со шест и Динамо има ист број на бодови како Милан четири.