Дома Фудбал Германија Томас Милер и кажа „збогум“ на Германија

Томас Милер и кажа „збогум“ на Германија

Германскиот фудбалер Томас Милер и ѕвезда на репрезентацијата на Германија, објави дека се повлекува од репрезентацијата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Милер по елиминацијата на Германија најави дека ќе донесе одлука за неговата иднина во националниот дрес, а сега потврди дека повеќе нема да настапува за Германија.

Последниот натпревар за Германија Милер го одигра во четвртфиналето на Европското првенство, кога Шпанија со голот на Микел Мерино во 119. минута ги елиминираше Германците.

На вечната листа Милер е трет по бројот на настапи за Германија, а пред него се Мирослав Клосе со 137 и Лотар Матеус со 150.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Фелипе Луис најде нов ангажман, првпат ќе биде тренер во Европа

Монако имаа тешка сезона зад себе. Едвај обезбедија место за настап во европските купови, …