Дома Фудбал Италија Толку од трпението на Берлускони и Галијани: Монца има нов тренер

Толку од трпението на Берлускони и Галијани: Монца има нов тренер

Италијанскиот клуб Монца денес го отпушти тренерот Џовани Стропа поради лошите резултати и на негово место го постави Рафаеле Паладино.

Стропа ја предводеше Монца во минатата сезона кога клубот стигна до најдобриот резултат во својата историја и се пласираше во Серија А, но екипата после шест кола во најсилното италијанско првенство има само еден бод кој го свои за викендот против Лече.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клубот не прецизираше дали Паладино привремено ќе ја предводи екипата или ќе биде долготрајно решение.

Дебито на клупата на Монца ќе го има против Јувентус во недела. Тоа е клуб за кој одигра повеќе од 50 натпревари пред во 2008 година да премине во Џенова.

Смената на Стропа е втора тренерска смена во Серија А откако Болоња на местото на Синиша Михајловиќ го доведе Тијаго Мота. Ќе потсетиме, Монца е предводена од тандемот од славните денови на Милан Берлускони-Галијани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…