Жозе Толедо дојде како големо засилување за Вардар меѓутоа Бразилецот мораше да замине на операција и сега во вториот дел од сезоната конечно ќе биде спремен да им помогне на црвено-црните.
Толедо веќе тренира и ќе биде засилување на позицијата десен бек. За официјалниот сајт на Вардар тој сега даде интервју.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
* Публиката со нетрпение те очекува да почнеш да играш за Вардар. Подготвен ли си да му се приклучиш на Даинис Криштопанс на позицијата десен бек?
– Се разбира, подготвен сум. Имав некои дополнителни испитувања за коленото, но спремен сум да почнам сериозни тренинзи со тимот.
* Како помина процесот на рехабилитација
– Имав компликувана операција, не толку едноставна како што мислат луѓето. Не сум среќен со ситуацијата во која се најдов, но тоа е нормален процес што треба да го поминете постоперативно. Нетрпението те излудува, не можам да дочекам да почнам да играм. Имав долга рехабилитација и тешко е. Не беше лесно, но се подобро се чувствувам и месецов почнав тренинзи со тимот.
* Ти недостасуваше ли играњето ракомет?
Многу, многу! Ми недостигаше ракометот, ми недостигаше да бидам со екипата. Најмногу ми недостигаше тоа што од почетокот на сезоната уште не сум играл со дресот на Вардар. Време е да го облечам дресот, да застанам пред навивачите на Вардар и да излезам на теренот во оваа прекрасна сала со неверојатна атмосфера за поддршка.
*Ти сепак беше дел од екипата и во овој период?
-Се разбира, постојано бев во салата заедно со екипата. Присуствував и на тренинзите, се дружевме. Тука ги правев и моите индивидуални тренинзи. Но сепак фокусот беше на моето колено, добро да се рехабилитира за да бидам добар и кога ќе се приклучам на екипата.
* Сега Вардар го очекуваат неколку пеколни месеци во кои треба да одбрани три титули?
Подготвен сум за овој предизвик. Затоа и сум тука. Ќе бидат тешки месеци пред нас. Предизвиците се тешки, независно дали е СЕХА лига, ЕХФ ЛШ или домашното првенство. Секој натпревар треба да го играме како клучен и нема да биде лесно. Но во тоа е и убавината, да имаш тешки предизвици и да можеш секој пат да дадеш 100 проценти.
* Го следиш ли ЕП во ракомет? За кого навиваш?
Навивав за Македонија и навивам за Шпанија, зашто тренерот Жорди Рибера им е од Бразил.