Селекторот на Кошаркарската федерација на Македонија денес зборуваше за официјалната страна на федерацијата за наредните два квалификациски циклуси во ноември и февруари.
За селекторот тешко е да се предвиди што ќе се случува.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Иако за многумина одлуката на ФИБА од пред неколку дена е изненадувачка, не поради начинот на играње, а заради самиот факт воопшто да се дозволи одигрување на ноемврискиот прозорец, за мене лично тоа е една сосема очекувана одлука. Секако, имајќи ги во предвид финансиските бенефити од овие прозорци, но и згуснатиот календар во втората половина на 2021, квалификации за Олимпијадата, Олимписките Игри, почеток на квалификации за СП 2023…“
За селекторот на нашиот национален тим дилеми нема, ризикот за играње на меѓународни натпревари во овој момент е – преголем
„Независно каде ќе се игра ‘балонот’, ризикот по здравјето на играчите и останатите членови на репрезентациите ќе биде голем. Впрочем гледаме насекаде безбројни одложувања на натпревари заради заразени играчи, а според сите најави, нè очекува уште пожесток бран со почетокот на есента“.
За оној спортски аспект на одлуката на ФИБА, квалификациите да се играат на едно место, наместо оние стандардните, Тодоров вели дека би било добро ако наредните мечеви би ги играле на неутрален терен, евентуално на домашен.
„Ако говориме за кошаркарскиот дел, сигурно е дека за нас е подобро средбите да се играат на неутрален терен. Иако, се разбира, возможно е организацијата на нашата група да биде доделена на Естонија, поради, барем засега, погодната епидемиолошка ситуација таму. Но сепак…“
Во секој случај една особено комплицирана ситуација во која едноставно кажано, мораме да чекаме некои „многу подобри времиња“ за играње на врвна кошарка.
„Во овој период многу работи се менуваат секојдневно. Затоа, треба да почекаме да видиме што ќе се случува во почетокот на ноември. Впрочем, кој знае да даде одговор што ќе се случува до ноември? Дали и какви забрани за патувања ќе има. Кога го говорам тоа не мислам само на патувањата на репрезентациите, туку, исто така, за организирање на пристигнувањето и заминувањето на репрезентативците кои настапуваат во странство“
ФОТО: КФСМ