Дома Фудбал Англија Тоа беше голем ден за Ферги, а тие му го упропастија (ВИДЕО)

Тоа беше голем ден за Ферги, а тие му го упропастија (ВИДЕО)

Легендарниот Сер Алекс Фергусон на клупата на Манчестер Јунајтед помина 26 ипол години,а во тој период го водеше клубот на 1500 натпревари во сите натпреварувања.

На денешен ден во 2005 година Јунајтед го водеше јубилеен 500. пат во Премиер лигата, но тој натпревар заврши со еден од поболните порази во неговата кариера.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ се уште имаат теоретска шанса за освојување на титулата, иако водечкиот Челзи им бегаше 13 бодови на седум кола пред крајот. Таа сабота гостуваа кај Норвич кој со сите сили се бореше за опстанок.

И тој Норвич одигра многу инспиративно, можеби и најдобро во сезоната па победи со 2:0.

Нападотн а Јунајтед и онака беше во криза, тимот на Ферги имаше постигнато еден гол на претходните три натпревари, а на ова гостување едвај создадоа шанса. Навивачите се надеваа дека ќе размрда враќањето на Луис Саха по двомесечната пауза поради повреда, но францускиот напаѓач после само 17 минути одново се повреди и беше заменет.

Место него Фергусон во игра го стави Вејн Руни да му помага на Алан Смит, но тој ден Руни го одигра еден од послабите натпревари, а во последните минути ја пропушти единствената вистинска шанса за Јунајтед во тој натпревар.

Фергусон после натпреварот беше толку лут што прв пат во до тогаш поминатите седум години на клупата одби даде изјава за клупската телевизија.

После тој пораз Јунајтед остана без шанси за титулата, а во последните шест кола освои само 10 бода и заврши на третата позиција со дури 18 бодови зад првопласираниот Челзи и шест зад второпласираниот Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…