Дома Трансфер зона Тијаго пред заминување од Ливерпул, Клоп „фрли око“ на соиграч на Елмас?

Тијаго пред заминување од Ливерпул, Клоп „фрли око“ на соиграч на Елмас?

Tимот на Ливерпул одлучи да не го продолжи договорот со Тиаго Алкантара.

Шпанецот е во последната година од договорот и во последно време има сериозни проблеми со повредите, а и кога игра е далеку од формата од која се очекува од него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алкантара пристигна во Ливерпул во летото 2020 година од Баерн Минхен за 22 милиони евра, а досега одигра 97 натпревари на кои постигна три гола и забележа шест асистенции.

Засега не е познато каде Тиаго би можел да ја продолжи кариерата, претходно се поврзуваше со враќање во Барселона, но тоа веројатно сега нема да биде опција.

Од друга страна, италијанските медиуми пишуваат дека нова желба на Јирген Клоп е соиграчот на Елиф Елмас од Наполи, Пјотр Зиелински.

Полјакот беше поврзуван и со Ливерпул пред неколку години, на крајот од тоа лето 2016 година, тој се пресели од Удинезе во Наполи.

Во Неапол се задржа долго, одигра дури 344 натпревари, со учинок од 50 гола и 46 асистенции.

Сепак, тој како и Алкантара е во последната година од договорот, на лето е слободен и има бројни примамливи понуди, меѓу кои и на Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…