Дома Фудбал Останато Тимот на Иниста освои трофеј после историска пенал серија – девет промашувања во низа! (ВИДЕО)

Тимот на Иниста освои трофеј после историска пенал серија – девет промашувања во низа! (ВИДЕО)

Eкипата на Висел Кобе чекаше 25 сезони на првиот трофеј и сега после подобро изведувањето на пенали беа подобри од Јокохама со што го освоија Суперкупот на Јапонија.

Конечниот резултат беше 3:3, на пеналите 3:2, а натпреварот ќе биде запаметен по тоа што играчите на двете екипи промашија дури девет пенали во низа пред Хоатару Јамагучи да го постигне одлучувачкиот гол пред повеќе од 51.000 гледачи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Ова беше вистинска реклама за јапонскиот фудбал, се надевам дека навивачите уживаа. Никогаш не сум видел нешто слично во некоја пенал серија“, изјави тренерот на Висел Кобе, Торстен Финк.

Кобе поведе со голот на Даглас после асистенцијата од Иниеста, изедначи Маркос Жуниор кој најголемиот дел од кариерата го помина во Фламиненсе за Кобе до крајот на полувреме повторно да поведе со голот на Фурухаши.

Огихара изедначи на 2:2, со голот на Јамагучи Кобе одново поведе. Ново изедначување видовме во 73. минута кога погоди Ерик.

На крајот Кобе преку неверојатната пенал серија стигна до првиот трофеј во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…