Со вечерашните дуели завршува и 5-то коло на ЛШ, а ќе се добијат многу заклучоци и јасна слика. Ова е нашиот предлог тикет за денес за кој се надеваме дека има големи шанси за пролаз.
Aјакс – Ливерпул – Х2&4+ @ 3.15 во Mozzart
Двата порази на Ајакс од Наполи делува дека ја изгаснаа секоја надеж за да стигнат до нокаут фазата од ЛШ. Постои некоја математичка можност, а тоа е во преостанатите два натпревари да го победат Ливерпул со два гол разлика и Ренџерс во Глазгов во последното коло, а Ливерпул да биде поразен од Наполи во последната рунда. Тоа не е нешто невозможно, но делува дека тоа се големи услови кои треба да бидат исполнети. Ливерпул го демолираше и Ренџерс во Глазгов, но во Премиер лигата не играа толку убедливо. Очекуваме многу погодоци, но не и пораз на Ливерпул. За Х2&4+ коефициентот изнесува 3.15 во Mozzart.
Ајнтрахт – Марсеј – ГГ3+ @ 2.25 во Bet365
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Делува дека групата Д е најнеизвесна во овогодинашното издание од ЛШ. Сите четири екипи имаат шанси да поминат во нокаут фазата, а моментално Германците се најдалеку од пласман во 1/8 финалето. Ќе им треба нив две победи против Марсеј и против Спортинг што не е невозможно. Олимпик Марсеј успеа да ги земе сите шест бода против Португалците и така да ги неутрализира стартните порази. Веруваме дека овде двете екипи ќе одат на победа, па головите не би требало да изостанат. Ние типуваме ГГ3+ со квота 2.25 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 7.09
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk