Дома Македонски спорт Мак фудбал Тиквеш и Скопје остануваат во Првата лига

Тиквеш и Скопје остануваат во Првата лига

Екипите на Тиквеш и Скопје и во следната сезона ќе настапуваат во првата македонска фудбалска лига откако победија во баражите.

Тиквеш со 4:1 ја совлада Воска Спорт, додека Скопје со 2:1 ја победи Беласица во бараж натпреварите за Првата лига.

Тиквеш поведе со погодокот на Едиз Спахиу во 12. минута, а шест минути подоцна Иван Ивановски зголеми на 2:0, додека Изаир Емини пред крајот на првиот дел намали на 2;1.

Во вториот дел, Љамчевски и Спахиу ги отстранија сите дилеми околу прашањето за тоа кој ќе игра во елитата следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Јуниорите се балкански шампиони, Македонија се враќа од Истанбул со 11 медали

Златото на јуниорскиот кумите-состав и бронзата во конкуренцијата до 21 година го заокружи…