Денес е означен стартот на подготовките на фудбалерите на ГФК.ТИКВЕШ 1930 АД. Првата фаза од подготовките ќе биде до 21.01 во Кавадарци.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На 22.01.2022 Tиквеш заминува на подготовки во Анталија каде ќе се одиграат неколку контролни натпревари пред почетокот на останатиот дел од првенството во првата македонска фудбалска лига.
Клубот го напуштија: Јорданчо Наумовски, Симе Христов, Дарко Тофилоски, Урош Миркович, Мирза Идризовиќ и Да Силва Ндомбеле Фуртунато.
Ново засилување е младиот и преспективен голман Мартин Дафков од екипата на Кит Го.
Од Тиквеш најавија дека во наредниот период ќе пристигнат и нови имиња во клубот.