Дома Фудбал Останато „Тивкиот убиец Меси“ – Неговите соиграчи откриваат: Не оставаше без зборови и заминуваше

„Тивкиот убиец Меси“ – Неговите соиграчи откриваат: Не оставаше без зборови и заминуваше

messi

Еден од најдобрите, а според многумина и најдобар фудбалер на сите времиња, Лионел Меси пристигна во Барселона во 2001 година од Росарио. За неговите почетоци во Каталонија зборуваа фудбалерите кои ја делеа соблекувалната со Меси од првиот ден во младинските категории.

„Влезе срамежливо во соблекувалната и не го забележувавме премногу. Дури не го ни поздравивме. Тогаш му пријде Родолф Борел и го запраша на која позиција игра: „Јас сум напаѓач“, кратко одговори Меси“, се потсетува Роберт Франк.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Искрено, не го забележувавме премногу, ние бевме постари додека Меси беше повлечен и таинствен“, открива братот на Роберт, Роџер Франк.

Меѓутоа веќе следниот ден се се променило…

„Ние секогаш на тренингот игравме со еден или два допира. Уште од младинските категории не учеа на таков начин, да ја контролираме топката и да играме брзо. Но, сега помеѓу нас беше едно момче кое се работеше со неверојатна брзина, но со четири-пет допири. Некогаш тој со четири допири беше побрз отколку ние со два“, признава Марка Ваиленте, кој денес настапува за белгискиот прволигаш Еупен.

Потоа повторно зборуваше Роџер, кој открива дека некои фудбалери се сомневале во себе после дриблинзите на Меси.

„На многумина им беше фрустрирачки да играат против Меси, често пати знаеа да се запрашаат дали вредат доволно, имаат ли воопшто квалитет за Барселона. Сите станавме свесни дека Меси е три нивоа пред нас, не само технички, туку и карактерно. На еден од тренинзите, ние дефанзивците одлучивме да бидеме многу поцврсти против него, дури ако треба и да го удриме. Но повторно испаднавме смешни, Меси беше толку брз што не успеавме ниту да го удриме“, зборуваше Роџер.

Во тој тим на Барселона беше и денешниот голман на Картагена, Пау Торас, кој бил фасциниран од тоа колку Меси е незапирлив на теренот и скромен надвор од него.

„Доаѓаше на тренинг, во соблекувалната скоро и да не зборуваше. На тренингот сите нас не воодушевуваше, а потоа без зборови ќе си заминеше. Како ништо да не се случило, а сите бевме свесни дека е незапирлив. Знаевме дека единствениот начин да се сопре е со пиштол. Но, Меси веројатно ќе пронајдеше излез и од таа ситуација“, низ смеа констатира Торас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…