Дома Фудбал Германија Тиаго Алкантара му останува верен на Баерн Минхен

Тиаго Алкантара му останува верен на Баерн Минхен

Германските медиуми јавуваат дека Баерн Минхен постигнал начелен договор за продолжување на соработката со шпанскиот репрезентативец Тиаго Алкантара.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


28-годишниот фудбалер е близу до продолжување на соработката со германскиот шампион, а двете страни треба да се договорат само за мали детали, објави „Кикер“.

Алкантара се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Европа и многу се шпекулираше со неговата иднина бидејќи неколку европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.

Меѓутоа, плејмејкерот реши да му остане верен на Баварците и наскоро ќе стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Нов рекорд на Меси при враќање во тимот на Интер Мајами

ЛИОНЕЛ МЕСИ со два гола го предводеше Интер Мајами до триумф над Атлетико Сан Луис со 4:2 …