Дома Трансфер зона Те Хаг донесе одлука, Марсијал е на продажба

Те Хаг донесе одлука, Марсијал е на продажба

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг одлучи да го стави на продажба Антони Марсијал, пренесуваат медиумите на Островот.

Французинот ова лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Те Хаг одлучи да го задржи, но Марсијал не е задоволен од својот статус, а и не ги исполни очекувањата на холандскиот тренер.

„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат на лето, а со тоа да се ослободат и од неговата висока плата, бидејќи Французонот е еден од најплатените фудбалери во тимот.

Најсилен интерес за Французинот покажуваат Јувентус и Атлетико Мадрид, но проблем за трансфреот може да биде токму неговата висока плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дали засилувањето на Ливерпул од 85 милиони евра најави заминување со последниот потег?

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез е честа мета на критики во јавноста поради големиот бр…