Дома Останати Тешка повреда на светската шампионка во спуст Штухец

Тешка повреда на светската шампионка во спуст Штухец

Словенечката скијачка Илка Штухец може да ја пропушти целата сезона во алпското скијање поради повреда на коленото.

Актуелната светска шампионка во спуст ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено за време на вчерашниот тренинг на Австриските Алпи., соопшти штабот на Словенката.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


– Во оваа фаза се чини дека Илка Штухец ќе го пропушти поголемиот дел, а можеби и целата сезона, вклучувајќи ја и Зимската Олимпијада во Пјоннџанг, рече портпаролот на натпреварувачката Тилен Ламут.

Сезоната во алпско скијање стартува следниот викенд во Золден, Австрија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…