Херојот на Барселона од синоќешната победа над Славија Прага, Марк Андре Тер Штеген го „запали алармот“ во тимот.
Германскиот голман не се залажуав со шестте последователни победи на Каталонците и тврди дека неопходни се промени.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Не игравме на нивото на кое посакувавме, за среќа ги освоивме трите посакувани бода, што веројатно е најважната работа.Меѓутоа, мислам дека треба да разговараме за некои работи.“, изјави Тер Штеген.
„Мислам дека ова е нешто за кое треба сите да се погледнеме себе си, не би сакал да кажам ништо повеќе бидејќи тоа е внатрешно прашање во клубот, не е моја работа тоа, меѓутоа би сакал да разговарам најпрво со фудбалерите кои беа на теренот“ заклучи Германецот.
Tremendous performance, @mterstegen1. ? pic.twitter.com/QT6H6OrnL9
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 24, 2019