Дома Фудбал Тер Штеген во „аут“ до ноември

Тер Штеген во „аут“ до ноември

Првиот голман на Барселона, Марк Андре тер Штеген денес имаше успешна операција на десното колено, потврди каталонскиот клуб.

Германскиот голман ќе биде надвор од терените околу два и пол месеци соопштуваат од „Камп Ноу“.

Тоа значи дека Каталонците нема да можат да сметаат на Тер Штеген до ноември, а сезоната во Примера за нив ќе започне на средината на септември.

Тер Штеген во текот на целата сезона имаше болки во коленото и поради тоа се реши да оди на операција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави вест за Де Јонг во која ретко кој ќе верува

Френки де Јонг го отфрли советот од медицинскиот тим на Барселона за операција на коленото…