Дома Трансфер зона Тери: Не постои човек кој подобро ќе го води Челзи од Лампард

Тери: Не постои човек кој подобро ќе го води Челзи од Лампард

Поранешниот фудбалер на Челзи, Џон Тери верува дека Лампард е вистинскиот човек за „сините“.

Лондонскиот клуб се уште не го потврдил ангажманот на Лампард, но доби дозвола од Дерби да започне преговори со својот поранешен играч.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тери и Лампард заедно играа во Челзи и во тој период освоија три титули во Премиер лигата.

„После сезоната која ја имаше со Дерби и забраната за трансфери која ја доби Челзи, не постои човек кој може подобро да го води Челзи. Тајмингот е совршен и за него и за клубот.

Френк беше под притисок да успее во Челзи уште од кога дојде од Вест Хем и никогаш не бегаше од тоа. Уживаше и стана најдобар играч во историјата н Челзи“.

„Она што го прави таков е неговата желба да го извлече најдоброто и од себе и од другите. Кога ќе завршеше тренингот тој тренираше слободни удар сам уште половина час. Луѓето не сфаќаат колку е посветен на својата работа, таков беше како играч, таков е и како менаџер“, изјави Тери.

Тери верува дека навивачите ќе го поддржат доаѓањето на Лампард на местото на Маурицио Сари кој се врати во Италија и го превзема Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…