Легендарниот стопер на Челзи, Џон Тери зборуваше за тоа како лесно беа пуштени да заминат од клубот Де Брујне и Салах.
И двајцата своевремено беа на Стемфорд Бриџ, но лесно заминаа од клубот, а денеска се главни ѕвезди во светскиот фудбал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Што за тоа мисли неговиот поранешен соиграч и долгогодишен капитен на Челзи?
„Играчите како Салах и Де Брујне не можеа да ги исполната стандардите на Мурињо. Беа неверојатно талентирани, но премлади. Мурињо немаше време таквите играчи да ги интегрира во својот тим. Доколку тоа го направевте мораше да се откажете од Даф и Робен, а со нив победувавме секоја недела. Ако бидете во тимот, но играте 10-20% под стандардите на Даф и Робен, нема да бидете во составот. Нема шанси.“ – изјави Тери и додаде:
„Мило ми е за Салах и Де Брујне што го напуштија Челси и заминаа во други тимови, каде покажаа дека се врвни фудбалери. Но, во тоа време не беа доволно добри за Челзи.“