Милан започна преговори со Тео Хернандес за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.
Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Ервопа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тео Хернандес има договор со „росонерите“ до 2023 година, но веќе е на мета на многу европски гиганти.
Милан сака да го „блиндира“ со нов договор и му понудил тројно зголемување на платата. Французинот моментално заработува 1,7 милиони, а Милан му нуди годишна плата од 5 милиони евра.
Медиумите тврдат дека преговорите одат во добра насока, бидејќи Французинот сака да остане во Милано.