Кристијано Роналдо испрати критики до својот тренер Тен Хаг во интервјуто кај Пирс Морган.
Роналдо во интервјуто кај Морган изјави:
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Воопшто не го почитувам, тој не покажа почит кон мене. Ако не ме почитуваш мене, нема да те почитувам и јас тебе“, изјави 37-годишниот стратег.
Манчестер Јунајтед вчера објави кратко соопштение во кое кратко порача дека ја следат ситуацијата. Денес медиумите на Островот пренесуваат дека е свикан итен состанок и дека клубот веќе донел одлука за Роналдо.
Наводно Ерик Тен Хаг порачал на раководството дека повеќе не сака да го гледа Роналдо во својот тим ниту на тренинзите и слободно може да си бара нов клуб. Веројатно со едно вакво интервју и тоа беше целта на Португалецот.
Шпекулациите кои се појавија претходно гласат и дека Манчестер Јунајтед ќе го казни Роналдо со еден милион фунти, сепак тоа и не е некоја голема казна за Роналдо ако се знае дека станува збор за две неделни плати. Веднаш по најавите за заминување Роналдо започна да се поврзува со Челзи, Рома, Баерн…