Дома Фудбал Тен Хаг со ултиматум до Онана: Уште една грешка и на клупа

Тен Хаг со ултиматум до Онана: Уште една грешка и на клупа

Вчера Манчестер Јунајтед испушти два гола предност против Галатасајар и одигра реми 3:3, а еден од главните виновници е голманот Андре Онана.

Онана ова лето пристигна на „Олд Трафорд“ од Интер за 55 милиони евра, но не ги оправдува очекувањата.

Камерунаецот направи неколку големи киксови оваа сезона. Поради оваа причина тој по мечот бил предупреден од менаџерот Ерик Тен Хаг, кој му се заканил дека ако направи уште една грешка, ќе го пресели на клупата.

Втор голман на Јунајтед е турскиот чувар на мрежата Алтај Бајандер, кој се очекува да го преземе неговото место. Турскиот голман беше купен од Фенербахче за да биде втор голман, но наскоро може да го седне Онана на клупа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…