Тен Хаг има одлична прва сезона на кормилото на Манчестер Јунајетд, заврши на 3-то место во Премиер лигата и ќе игра финалето во ФА Купот.
Сепак, Холанѓанецот испрати јасна порака до раководството на „црвените ѓаволи“ и порача дека за титули потребни се инвестиции.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Клубот многу добро знае дека ако сакаме да напредуваме понатаму, ако сакаме да бидеме меѓу четирите најдобри, ако сакаме да се бориме за трофеи во вака силно првенство, тогаш ни требаат инвестиции, во спротивно немаме никакви шанси“.
„Ми кажаа дека во текот на зимата клубовите околу нас инвестирале огромни суми пари во своите тимови. Ние не го направивме тоа, но сепак го освоивме третото место на првенството, па затоа сум многу среќен и благодарен сум на мојот тим. Ние сме во вистинската насока, но не сме таму таму каде што треба да бидеме, има уште долг пат, има потенцијал во овој тим и индивидуални играчи “, изјави Тен Хаг.