Дома Фудбал Англија Тен Хаг: Сити и Ливерпул се фантастични, но секоја ера има крај

Тен Хаг: Сити и Ливерпул се фантастични, но секоја ера има крај

Новиот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг вчера ја одржа својата прва пресконференција откако е на кормилотп на „црвените ѓаволи“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


20-кратниот шампион ја одигра една од најслабите сезони од создавањето на Премиер лигата и Холанѓанецот ќе има многу работа за да ги врати победите на „Олд Трафорд“.

Тен Хаг ги пофали ривалите Манчестер Сити и Ливерпул, велејќи дека играат фантастичен фудбал, но секоја ера има крај и едвај чека да се соочи со нив.

„Во моментов им се восхитувам на двајцата тренери. И Манчестер Сити и Ливерпул играат фантастичен фудбал, но секоја ера си има крај и едвај чекам да се соочам со нив“, изјави поранешниот тренер на Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тотенхем не губи време: договори уште еден дефанзивец од Премиер лигата

Тотенхем постигна договор со колегите од Брајтон за дефанзивецот Јаан Пол ван Хеке, пренес…