Дома Фудбал Англија Тен Хаг: Сакаме да ја освоиме Лига Европа

Тен Хаг: Сакаме да ја освоиме Лига Европа

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг пред утрешната пресметка на тимот со Реал Сосиедад, истакна дека целта е да се освои Лига Европа.

Тен Хаг изјави дека клубот многу сериозно го сфаќа овој натпревар, бидејќи сака да победи не само на секој натпревар, туку и на секој турнир на кој учествува.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мораме да победуваме на секој натпревар како и на секој турнир, па затоа ги сфаќаме работите сериозно. Тоа е менталитетот што му треба на Манчестер Јунајтед. Немаме само стартен тим, туку цел тим. Можеби не се сите задоволни од одлуките на одредени натпревари, но ќе добијат минутажа ако се претстават добро. Како што реков, ни требаат сите бидејќи имаме многу натпревари“, истакна Тен Хаг.

„Роналдо? Почна против Брентфорд, но потоа беше оставен на клупата. Сепак, тој е подготвен и може да започне на секој натпревар. Тимот се развива и се подобрува, но за играчите кои не се во тимот ќе кажам дека во секој момент можат да влезат на местото на оние кои се меѓу стартерите. Ни требаат повеќе од 11 играчи, но задоволен сум од целата група што ја имаме“, изјави Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…