Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг не сакаше да зборува за Кристиано Роналдо и даде остар коментар за Португалецот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Роналдо минатиот месец го раскина договорот со „црвените ѓаволи“ после контроверзното интервју во кое ги нападна сите во клубот.
„Како што кажав и претходно, Роналдо е минато, нашите погледи се кон иднината. Сакаме да изградиме нова иднина за Манчестер Јунајтед, и тој не сакаше да биде дел од тоа. Живтот продолжува. Не сакам да трошам енергија на интервјуто, тоа е минато“, прокоментрира Тен Хаг, а потоа одговори дали клубот бара замена за Роналдо.
„Да, но само доколку најдеме вистинско засилување. Дали Коди Гакпо е опција? Не сакам да коментирам за конкретни имиња, никогаш не го правам тоа, но верувајте, работиме да го донесеме вистинското засилување“.