Дома Фудбал Англија Тен Хаг: Нема потреба да им објаснувам на Роналдо и Мегваер зошто не играа

Тен Хаг: Нема потреба да им објаснувам на Роналдо и Мегваер зошто не играа

Манчестер Јунајтед вчера по двата порази од Брајтон и Брентфорд во Премиер лигата го запиша првиот триумф и тоа против најголемиот ривал Ливерпул.

Јунајтед славеше со 2:1, а тимот изгледаше навистина добро на теренот. За овој натпревар Тен Хаг се реши на клупата да ги остави Кристијано Роналдо и Хари Мегваер и според резултатот тоа се покажа како добра одлуката.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Имаме 50-60 натпревари во сезоната, играчите ќе ги бирам од натпревар во натпревар. Немам потреба да им објаснувам на Роналдо и Мегваер зошто не играат. Имаме навистина одличен тим“, изјави Тен Хаг.

Роналдо во вчерашниот натпревар доби минути во финишот од натпреварот додека Мегваер остана на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…