Дома Фудбал Тен Хаг му ја зема капитенската лента на Мегваер

Тен Хаг му ја зема капитенската лента на Мегваер

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед ќе се сретне со Хари Мегваер на почетокот на јули, кога ќе се врати за да ги започне подготовките за новата сезона, пренесуваат медиумите на Островот.

 Тогаш се очекува Холанѓанецот да го извести дефанзивецот дека му ја одзема капитенската лента и одлуката ќе ја подложи на избор на самите играчи. Се верува дека фаворит за нов капитен на тимот е Давид де Геа.

Мегваер е капитен на Манчестер Јунајтед од јануари 2020 година, само неколку месеци откако пристигна од Лестер.

Минатата сезона, беше многу слаба за Мегваер и претрпе голем број критики. Тен Хаг застана во негова одбрана и истакна дека верува во неговите квалитети, но сепак ќе му ја земе капитенската лента.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барбарез повика 17-годишен голгетер: Во Декет го гледаат наследникот на Џеко

Матеј Декет првпат доби место во сениорската репрезентација на БиХ, откако со головите за …