Софија Кенин е сензационален победник на Австралија Опен во женска конкуренција. Во финалето Кенин ја победи Мугуруза со 2:1 во сетови 4:6, 6:2 и 6:2.
Кенин е 21 годишна американска тенисерка и на Австралија Опен направи вистинска сензација бидејќи на турнирот дојде како фаворитка број 14. Мугуруза од друга страна не беше рангирана помеѓу фаворитките, најмногу поради проблемите со повреди кои ги имаше минатата сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанката зад себе има две грен слем титули и во финалето влезе како фаворитка. Првиот сет го доби со 6:4, но потоа следуваше фуриозна игра на Кенин и два сета кој ги доби со по 6:2.
За Кенин ова е прв грен слем и најголем успехј во кариерата.