Дома Останати Тенисерот кој војува во Киев откри дека Ѓоковиќ понудил помош

Тенисерот кој војува во Киев откри дека Ѓоковиќ понудил помош

Украинскиот тенисер Серхи Стаховски реши да се приклучи на украинската армија како волонтер после руската инвазија врз неговата татковина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Стаховски кој се наоѓа во војската во Киев објави дел од пораките кои ги разменил со Србинот Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ контактирал со неговиот колега и понудил помош, додека Рафаел Надал и Роџер Федерер се уште не се понудиле за помош.

Сергеј објави пораки од Ѓоковиќ и откри што му кажал Србинот.

„Стако, како си човеку? Дали си на терен? Мислам на тебе и се надевам дека ова брзо ќе заврши. Те молам, кажи ми како би можел да помогнам. Финансиски или на друг начин“, му пишал Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…