По приближно три часа, без никаков ефект и епилог, беше прекинато тензичното и хаотично Собрание на МКФ.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Актуелниот претседател Петар Наумовски постојано се надмудруваше со сите коишто сакаа да изгласаат негова недоверба, а потоа следеше прекин поради доделувањето на наградите за најдобрите во изминатата календарска година.
Прво проблематично беше гласањето на новата асоцијација за кошарка „3 на 3“, која по скоро двочасовно објаснување не доби дозвола за учество на состанокот, а потоа следуваа час и полобина во лични навреди и префрлувања.
Работнички и Куманово побараа да се вметне во дневниот ред точката „недоверба“ на Пеце Наумовски.
Се уште е неизвесно дали, по доделувањето на наградите Собранието ќе продолжи со својата работа.