Дома Топ вести Тектонски промени во Мадрид: Модриќ и Рамос во „пакет“ го напуштаат Реал

Тектонски промени во Мадрид: Модриќ и Рамос во „пакет“ го напуштаат Реал

Раководството на Реал Мадрид потврди дека во моментов не се водат никакви преговори за продолжување на соработката со Лука Модриќ.

Весникот „Марка“ објави дека Модриќ сака да го продолжи престојот на „Сантиаго Бернабеу“ и е спремен да прифати помала плата, со оглед на фактот дека неговиот договор истекува на крајот на сезоната.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Продолжувањето на договорот е желба на Модриќ, но во моментов нема апсолутно ништо. Не се водат никакви преговори, таа тема ќе ја разгледуваме на крајот на сезоната“, изјави директорот на Реал.

Во истата ситуација се наоѓа и капитенот Серхио Рамос на кого исто така договорот му истекува за 10 месеци.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез не е за продолжување на договорите на играчи кои се над 33 години, па двете ѕвезди би можеле да го напуштат клубот на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Артета носи големо засилување во борбата за титулата

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, прене…