Дома Фудбал Тежок предизвик за Валверде: Како да се состави одбраната?

Тежок предизвик за Валверде: Како да се состави одбраната?

barca

Тренерот на Барселона се наоѓа пред нов предизвик во тежок период.

Стратегот на Барселона успеа да ја прилагоди играта на Барселона по заминувањето на Нејмар, а сега ќе мора да се снаоѓа и кога е одбраната во прашање.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Имено, Жерар Пике, се повреди иако не е ништо сигурно планот е да биде спремен за натпреварот против Челси.

Денес пристигна и вест за Томас Вермален. Белгиецот не се опоравува според очекувањата и ќе се врати на теренот нешто подоцна, односно на располагање би можел да биде на 20 февруари.

Самуел Умтити само што се опорави од повреда, веднаш се истакна во прв план, сигурно дека Валверде не очекуваше врзе три натпревари во низа, но Французинот заработи суспензија за наредното коло во Примера.

Значи, сега единствениот сигурен централен дефанзивец за наредните два натпревари е Јери Мина, а тој само што стигна во Европа и тоа после кратката пауза по завршувањето на сезоната во Бразил.

Кои се опциите за Валверде?

Против Валенсија во купот може да игра Бускетс во тандем со Умтити, а во недела против Гетафе се очекува конечно да дебитира Мина (поради суспензијата на Умтити).

За среќа после овој натпревар Барса ја очекува пауза од шест дена, па гостување во Еибар, но и тогаш многу веројатно дека Пике и Вермален ќе бидат надвор од тимот.

Не треба да се заборави и дека тука е дефанзивецот од Барса „Б“, Давид Костас кој оваа сезона играше само во купот против Мурсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…